• петок, 05 декември 2025

Превентивни мерки во Куманово: Волонтери делат вода и мерат притисок на граѓаните

Превентивни мерки во Куманово: Волонтери делат вода и мерат притисок на граѓаните

Куманово, 12 август 2025 (МИА) - Општинската организација на Црвениот крст Куманово денеска спроведе теренски активности за превенција на граѓаните од топлотен бран.

Волонтерите на Црвениот крст поделија 140 мали шишиња со вода, а на 105 граѓани им беше измерен крвниот притисок. Покрај тоа, присутните добија совети и препораки за правилно однесување за време на високи температури, со цел да се избегнат потенцијални здравствени последици.

-Активностите за заштита од топлотниот бран ќе продолжат и во наредниот период, додека траат високите температури, информираа од Црвен крст Куманово.

Од Итната медицинска помош Куманово претходно информираа дека бројот на повици и интервенции е зголемен во летниот период, поради што апелираат до граѓаните да бидат внимателни и одговорни кон своето здравје.

Лекарите препорачуваат хронично болните лица редовно да ја земаат својата терапија, а постарите да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот – од 10 до 17 часот. Посебна препорака е упатена и до здравите и работоспособни лица, кои не треба да се преценуваат и да излегуваат непотребно во периодот од денот кога е најтопло, а кога веќе се на работни места треба да се освежуваат со вода и да направат паузи. ам/дма/

 

Фото: МИА и Црвен Крст Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан