• вторник, 24 февруари 2026

Прв случај на коронавирус меѓу припадници на бразилските племиња

Прв случај на коронавирус меѓу припадници на бразилските племиња
Бразилија, 1 април 2020 (МИА) – Една припадничка на домородно население во село длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв случај меѓу повеќе од 300 бразилски племиња, соопшти денеска бразилското Министерство за здравство. Се работи за девојка 19-годишна девојка од племето Кокама, кое живее во близина на границата со Колумбија, а се заразила кога работејќи како медицинска сестра посетила неколку племиња. Во истиот округ се потврдени четири случаи на Ковид-19, меѓу кои и еден лекар, со што се зголеми стравот дека со вирусот можат да се заразат и оддалечени и незаштитени заедници. Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот може да биде смртоносно за околу 850.000 домородни народи кои живеат во Бразил и кои веќе се десеткувани од болести донесени од Европејците, од сипаници до маларија. јт/

Остани поврзан