• петок, 22 ноември 2024

Прв случај на Ковид-19 во Јужна Африка

Прв случај на Ковид-19 во Јужна Африка
Јоханесбург, 5 март 2020 (МИА) - Во Јужна Африка денеска е регистриран првиот пациент од новиот коронавирус, кој неодамна се вратил од Италија. - Националниот институт за заразни болести потврди дека пациентот за кого се сомневало дека е заразен со вирусот е позитивен на Ковид-19, соопшти јужноафриканското Министерство за здравство. Заразениот маж, заедно со сопругата подолг период престојувал во Италија, која има Европа има најголем број на заразени лица. Тие биле дел од групата од 10 луѓе кои се вратиле во Јужна Африка на 1 март 2020 година. ми/

Остани поврзан