• понеделник, 25 ноември 2024

Прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“

Прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител, денеска и утре ќе го спроведе својот прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“.

Целта е, како што посочуваат организаторите, да се доближи работата на давателите на поштенските услуги пред пошироката јавност, како и да се подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги.

Реализацијата на пролетниот караван ќе опфати четири едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, во Тетово, Кичево, Охрид и Битола.

На овие средби, ќе бидат презентирани и надлежностите на Агенцијата за пошти, а главен акцент ќе се стави на информирање на јавноста за остварување на законските права на корисниците, нивните обврски како и обврските на давателите на поштенските услуги. На посетителите ќе им се даде можност да поставуваат прашања поврзани со обезбедувањето на услугите како и да информираат за евентуални забелешки поврзани со доставата. са/мд/

Фото: АП

Остани поврзан