• петок, 05 декември 2025

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје

Прв годишен форум за квалитет во високото образование во Скопје

Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) -  Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје денеска ќе се одржи Првиот годишен форум за квалитет во високото образование на којшто е најавено обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

-Форумот е организиран со цел споделување на досегашните активности на Универзитетот за имплементирање нов систем за следење на квалитет и постигнувања во доменот на обезбедување и унапредување на квалитетот, согласно со националните стандарди и стандардите на Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA), информира УКИМ во најавата за форумот. 

УКИМ потенцира дека особено значајна компонента на форумот е продлабочувањето на соработката меѓу академската и бизнис-заедницата, со цел создавање поусогласен и релевантен образовен систем. лв/мд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан