• петок, 05 декември 2025

Првпат доделување субвенции за велосипеди и уреди за затоплување во општина Ѓорче Петров

Првпат доделување субвенции за велосипеди и уреди за затоплување во општина Ѓорче Петров

Скопје, 30 април 2025 

Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука за доделување субвенции на жителите за набавка на нови велосипеди и енергетски ефикасни уреди за затоплување во 2025 година.

За првпат, општината издвојува средства во износ од 500.000 денари за субвенционирање на дел од трошоците за купен велосипед, во висина до 3.000 денари по лице.

Истовремено, обезбедени се и 1.000.000 денари за субвенционирање на трошоци за набавка на клима уреди и топлотни пумпи, со цел замена на постоечките нееколошки уреди на јаглен, дрва или мазут.

Граѓаните може да добијат:

• до 15.000 денари за клима уред

• до 21.000 денари за топлотна пумпа

согласно утврдените критериуми.

„Со овие мерки покажуваме дека општината активно се вклучува во поддршка на граѓаните и заштита на животната средина. Ги поттикнуваме одржливите форми на транспорт и овозможуваме премин кон почисти и побезбедни енергетски решенија. Секоја инвестиција што значи подобар квалитет на живот за нашите сограѓани е вредност за која вреди да се бориме,“ – изјави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Право на користење имаат сите жители на Општина Ѓорче Петров кои ќе ги исполнат условите од јавниот повик.

Јавниот повик ќе биде објавен наскоро. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да аплицираат навремено.

Општина Ѓорче Петров 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Ѓорче Петров 

Остани поврзан