• недела, 24 ноември 2024

Првпат во анкети мнозинството Американци поддржуваат изградба на ѕид на границата со Мексико

Првпат во анкети мнозинството Американци поддржуваат изградба на ѕид на границата со Мексико

Вашингтон, 26 февруари 2024 (МИА)  -   Мнозинството Американци поддржуваат изградба на ѕид долж границата на САД со Мексико, покажува новата анкета на Универзитетот Монмаут. Според анкетата, 53 отсто изјавиле дека ја поддржуваат изградбата на пограничен ѕид, што е првпат мнозинство Американци да го поддржат предлогот откако за првпат се дискутираше во изборната кампања во 2015 година.

Од друга страна, 46 отсто од нив се против изградбата на ѕидот.

Во заклучоците од истражувањето се посочува дека поддршката за изградба на ѕидот е зголемена во изминатите осум месеци кај републиканците и независните гласачи, додека кај демократите е намалена.

„Други анкети покажаа дека тоа е најслабата област во политиката на Бајден“, рече Патрик Мареј, директор на независниот институт за истражување на Универзитетот Монмаут. Истражувањата покажуваат дека осум од 10 Американци сметаат дека илегалната миграција е многу или донекаде сериозен проблем. зш/

Остани поврзан