• недела, 22 декември 2024

Прво олимписко злато во историјата за Гватемала

Прво олимписко злато во историјата за Гватемала

 

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Натпреварувачката во стрелаштво Адријана Руано Олива (29) ја освои титулата на Игрите во Париз во дисциплината трап и со тоа ѝ го донесе првиот златен олимписки медал во историјата на Гватемала.

Руано Олива доминираше во финалето, погодувајќи ги првите 16 летечки цели и веќе тогаш цврсто ја зазеде првата позиција. Гватемалката го обезбеди златниот медал веќе во 46. од вкупно 50 серии кога ја погоди 43-та цел и со тоа го израмни олимпискиот рекорд.

Олива немаше забележителни резултати до Игрите во Париз, откако пред три години на Олимпијадата во Токио беше 26. додека на последните две светски првенства беше 36. во Осиек 2022 година и 33. во Баку минатата година.

Ова е трет севкупен олимписки медал за Гватемала во историјата, а втор освоен на Игрите во Париз, од кои и двете дојдоа во стрелаштво во дисциплината трап. Во вторникот Жан Пјер Брол освои бронза во машка конкуренција. Првиот олимписки медал во историјата на Гватемала го освои атлетичарот Ерик Барондо, кој пред 12 години во Лондон се закити со среброто на 20 километри брзо одење. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан