Прво Грен слем четвртфинале за Италијанецот Коболи
- Флавио Коболи успеа да се избори за своето прво Грен слем четвртфинале откако денеска го победи финалистот од 2017 на Вимблдон, Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 во сетови
Лондон, 7.јули 2025 (МИА) - Флавио Коболи од Италија успеа да се избори за своето прво Грен слем четвртфинале откако денеска го победи финалистот од 2017 на Вимблдон, Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 во сетови. Во изедначен меч Коболи го клучните моменти имаше поуспешна завршница на поените во однос на Чилиќ.
Во првите два сета Коболи имаше по еден брејк и двата сета ги доби со идентични 6:4 во гемови. Во третиот сет Чилиќ ја врати неизвесноста откако беше подобар во тај брејкот со 7:4 на поени и намали на 2:1 во сетови. Во четвртиот сет Чилиќ испушти шанса за 2:2 во сетови откако направи брејк, но Коболи веднаш го врати брејкот за 4:4 во гемови. Во тај брејкот на поени беше 7:3 за поени за Италијанецот што знаеше победа од 3:1 во сетови.
Противник на Коболи во четвртфиналето ќе му биде победникот од мечот Новак Ѓоковиќ и Алекс Де Минор.
Четвртфинале од денешната програма кај жените обезбеди Белинда Бенчиќ од Швајцарија која со 2:0 во сетови (7:6(4) и 6:4) ја совлада Екатерина Александрова. мн/
Фото: ЕПА