• недела, 22 декември 2024

Првото злато во мешани двојки во стреличарство за Јужна Кореја

Првото злато во мешани двојки во стреличарство за Јужна Кореја
Токио, 24 јули 2021 (МИА) – Ан Сан и Ким Је-док од Јужна Кореја ја освоија олимписката титула во мешани двојки во стреличарство, дисциплина која во Токио за првпат е на програмата на Олимписките игри. Ан (20) и Ким (17) ја оправдаа фаворитската улога, откако на вчерашните квалификации имаа најдобри резултати во машка и женска конкуренција. Тие во денешното финале со 5:3 ја совладаа холандската двојка Габриела Шросер и Стив Вијлер. Бронзениот медал го освои мексиканската двојка Алехандра Валенсија и Луис Алварез. ег/паг/

Остани поврзан