• понеделник, 23 декември 2024

Првото бебе родено во 2022 во Кичево е машко

Првото бебе родено во 2022 во Кичево е машко

Кичево, 3 јануари 2022 (МИА) - Првото новородено бебе во Новата 2022 во Кичево е машко. Бебето се роди вчера попладне, тоа е трето за мајката, која претходно имала ќерка и син.

-Во нашата болница  првото новородено бебе во оваа календарска година е машко. Се работи за трето дете на родилка која претходно има син и ќерка. Првороденото бебе е тешко 2,5 килограми и долго 50 сантиметри. Породувањето беше извршено по природен пат, а новороденото бебе и мајката се чуствуваат добро и утре ќе го напуштат гинеколошкиот оддел  на Кичевската болница, изјави д-р Љупче Ристески, гинеколог, кој го изврши пододувањето.

Тој напомена дека од година во година бројот на новороденчиња во Кичевската болница е се помал.

-Од пред дваесетина години во нашата болница бројот на новороденчиња бележи континуиран пад. Така од околу 500 новородени деца во нашата болница пред две децении, нивниот број  денес едвај да е нешто пголем од 100, со тенденција на натамошно намалување. Причини има повеќе, а најважни се иселувањето на младите во странство во фертилниот период од животот и породувањето на повеќе жени надвор од Кичево, пред се во Скопје и Тетово, додава Ристески. за/мд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан