• петок, 02 јануари 2026

Првото бебе во Прилеп е машко

Првото бебе во Прилеп е машко

Прилеп, 1 јануари 2026 (МИА) - Првото бебе во Новата 2026 година што се роди во Прилеп е машко. Бебето Герасим се роди два часа по полноќ на први јануари и со мајката Софија Никоска Маџароска се чувствуваат добро, потврдуваат од прилепската Болница.

До денес напладне, во Прилеп се родиле вкупно три бебиња, две машки и едно женско и сите се во општа добра здравствена состојба.

- Во 02:23 часот по полноќ, на први јануари се роди првото бебе во новата 2026 година. Тоа е машко бебе кое се роди по природен пат. Бебето е  второ дете во семејството. Им упатуваме честитки на семејството  и им посакуваме среќа и радост, рече Кире Јоноски, директор на прилепската општа Болница „Борка Талески.

Честитки и подароци од локалната самоуправа добија мајката и првото бебе во оваа година.

- Му посакуваме среќа и радост на семејството и многу здравје на бебето. Голема е желбата да се раѓаат повеќе деца во општината зашто се нашата иднина, рече градоначалникот на прилеп Дејан Проданоски, кој ги посети мајката и бебето на Гинеколошкото одделение во прилепската Болница.

Голем дел прилепчани новата 2026 година ја пречекаа во центарот на Прилеп, на плоштадот Методија Андонов Ченто, со песните на Наум Петрески. ем/бак/

Фото: МИА и Општина Прилеп

 

Остани поврзан