• петок, 27 март 2026

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА

Нион, 6.март 2026 (МИА) – Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствуваше на состанок на „HatTrick“ комисијата на УЕФА, каде имаше разговори за тековните активности и идните приоритети оваа програма.

Оваа програма „HatTrick“ е една од најважните развојни на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации.

Поддршка од оваа програма добива и Фудбалска федерација на Македонија, а првиот човек на ФФМ истакна дека особено горд. Средствата од „HatTRick“ се реализираа за инфраструктурни и развојни проекти, кои овозможуваат подобри услови за развој на фудбалот и услови за младите фудбалери во нашата земја. мн/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан