• четврток, 04 декември 2025

Првиот човек на НБА зборуваше за апсењата на играч и тренер од лигата

Првиот човек на НБА зборуваше за апсењата на играч и тренер од лигата

Бостон, 25.октомври 2025 (МИА) – Комесарот на НБА лигата Адам Силвер зборуваше за апсењето на играчот на Мајами Хит Тери Розиер, кој е дел од истрагата за нелегално обложување која ја води ФБИ. Тој зборуваше за време на дуелот Бостон – Њујорк и истакна дека лигата претходно имала сопствена истрага и дека е изненаден од новите случувања.

Комесарот истакна дека НБА имала истрага по пријавите за сомнителни уплати во март 2023 година. Тогаш играчот на Мајами бил ослободен од обвинението и продолжил да игра, но истрагата на федерално ниво продолжила.

Немаше ништо сомнително тогаш. Тери соработуваше, го даде својот телефон и дојдовме до заклучок дека нема доволно докази, изјави Силвер.

Тој истакна дека федералните власти имаат поголеми овластувања, што доведе до обвинение за играчот по 2,5 години. Федералната истрага опфаќа повеќе од 30 луѓе, а меѓу нив е и тренерот на Портланд Чонси Билапс. Но, има најави за вмешаност на уште играчи сегашни и поранешни од НБА лигата. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан