Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот
- Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот, во рамките на активностите организирани за Деновите на отворен театар.
27 март 2026
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот во рамките на активностите организирани за Деновтеи на отворен театар.
За време на посетата, тој имаше можност да се сретне и со повеќе деца, кај кои јасно се забележуваше желбата и љубовта што оваа генерација ја негува кон културата и театарската уметност.
Заедно со директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани, ги посетија внатрешните простории на институцијата, каде што одблиску се запознаа со условите во кои се одвива уметничката работа, како и со посветеноста на персоналот за реализација на квалитетни претстави за публиката. Воедно, беше презентиран и процесот на подготовка на претставите, сценографијата, како и континуираната работа што стои зад секоја сценска изведба.
Посетата беше оценета како инспиративно искуство, при што беше нагласена важноста на театарот како простор за едукација, креативност и комуникација. Ентузијазмот на децата и младите беше истакнат како јасен показател дека уметноста и културата ќе продолжат да се развиваат и во иднина.
Кабинет на министерот за европски прашања