Прва средба на британската кралица Елизабета по заразата со ковид, со канадскиот премиер Трудо
- Британската кралица Елизабета денеска во дворецот Виндсор се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Лондон, 7 март 2022 (МИА) - Британската кралица Елизабета денеска во дворецот Виндсор се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Британската кралица (95) се враќа на своите вообичаени должности, откако минатиот месец имаше благи симптоми на КОВИД-19, по што ги откажа своите ангажмани.
Трудо е во посета на Лондон за да разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за меѓународен одговор на руската инвазија на Украина. аа/