• петок, 22 ноември 2024

Прва седница на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2024

Прва седница на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2024

10 јануари 2024 

Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, денес ја одржа првата седница за оваа година, предводена од претседателот, г-дин Аркан Керим.
Еден од приоритетите за свикување на Советот на АППТ, по иницијатива на новиот в.д. директор на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска е запознавање на членовите на Советот со затекнатата состојба во институцијата и годишниот план за работа. Конструктивноста во решавање на проблемите и долговите кои се провлекоа и оваа година, а кои го лимитираат и ограничуваат функционирањето на работата на Агенцијата за туризам е клучна за дејствување во позитивен правец. Редовните седници на Советот треба да бидат практика, место за конструктивни критики, иницијативи и заложби, а АППТ преку транспарентност и отчетност при реализација на програмските активности и враќање на комуникацијата со туристичкиот сектор ќе работи за развој на туристичката индустрија.
 
 Во првиот квартал од годината, согласно планот за работа и годишниот план за јавни набавки, ќе се реализира учеството на интернационалните саемски манифестации по барање и интерес на македонскиот туристички сектор. Присуството на овие светски туристички берзи е можност за препознавање на дестинацијата, остварување на бизниси за отварање на нови пазари, зајакнување на туристичките продукти и следење на трендовите во туризмот, кои се  во корелација со предвидувањата и заложбите на Светската туристичка организација.
Лескаровска во своето излагање пред членовите на Советот на АППТ ги потенцираше предизвиците со кои се соочува Агенцијата за туризам и покрај лимитираната буџетска рамка и веќе проектираните финансиски средства има волја за реализација на проекти кои се од круцијално значење за развој и конкурентност на македонските туристички дестинации.
 
Тимот вработени во АППТ од секторот промоција и поддршка во периодот што следи, а во соработка со долгогодишните соработници, амбасади и организации ќе реализира проекти за унапредување и одржливост на дестинациите во рамките на зелените политики.

 

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Фото: МИА архива

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан