• петок, 22 ноември 2024

Прва победа на Јашари на ЕП во снукер

Прва победа на Јашари на ЕП во снукер

Албена, 12 јуни 2023 (МИА) – Македонскиот двократен првак Берат Јашари, викендот во Албена, Бугарија, ја забележа првата победа на Европското првенство во снукер за дисциплината „6 црвени“.

 

Јашари го победи Бугаринот Димо Ангелов со 4:0, откако претходно загуби со 1:4 од Алекс Борг (Малта). 

 

- Впечатокот е дека во поголемиот дел од дуелот со Борг, нашиот играч рамноправно се носеше, што му даде дополнителна жед за прва победа во следниот меч со играчот од Бугарија, Димо Ангелов. И тоа и се случи. Сепак, останува мотивацијата за следните меѓународни натпреварувања и градење на еден нов победнички менталитет, изјави Лазар Лазаревски, претседател на Македонската снукер федерација.

 

Вкупно на првенството имаше 105 учесници од 25 земји. Во финалето се сретнаа двајца Англичани, при што Вејн Броун го совлада Харви Чендлер со 5:3. зс/

Остани поврзан