• недела, 22 декември 2024

Прва победа за македонската репрезентација во претквалификациите за Мундобаскет 2023

Прва победа за македонската репрезентација во претквалификациите за Мундобаскет 2023
Скопје, 14 август 2021 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација вечерва забележа убедлива победа со 69:47 против Словачка. На дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“ избраниците на селекторот Драган Бајиќ, уште од самиот почеток ја покажаа својата одлучност да ја забележат првата победа на претквалификацискиот „балон“ во Скопје. Македонците за разлика од завчерашниот меч со Швајцарија, одиграа пожртвувано, се бореа за секоја топка и на крајот заслужено се радуваа. Капитенот Бојан Трајковски со 16 поени (четири тројки), Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли со по 12 беа најефикасните во победничкиот тим. По завршување на првиот дел, трите репрезентации имаат по една победа и еден пораз. Утре е слободен ден, а вторите меѓусебни средби, репрезентациите ќе ги одиграат на 16, 17 и 18 август. зс/

Остани поврзан