• петок, 05 декември 2025

Прва победа за Македонија на ЕП за кадетки во ракомет

Прва победа за Македонија на ЕП за кадетки во ракомет

Подгорица, 4.август 2025 (МИА) - Женската ракометна кадетска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на Европското првенство во Подгорица, Црна Гора. Македонија денеска ја совлда Турција со 30:27. 

Во првото полувреме најчесто Турција имаше предност од еден гол разлика, а македонските кадетки минимална предност имаа само во три наврати. На полувреме Турција водеше со 14:13.

Во вториот дел Турчинките го зголемија водството и поведоа со +3 (17:14), а по 22:21 за Турција македонските кадетки направија серија од 5-1 и дојдоа до водство од 26:23. Таа предност ја зачуваа до крајот на натпреварот. 

Таида Беровиќ со 8 голови беше најефикасна, а Ања Лашкоска постигна 7. Одлична на голот со 15 одбрани беше Марија Дуновска.

Утре во терминот од 12 часот Македонија ќе игра против Шведска. мн/

Фото: Фејсбук Ракометна федерација на Македонија

Остани поврзан