• сабота, 17 јануари 2026

Прва победа во кариерата на италијанскиот скијач Францони

Прва победа во кариерата на италијанскиот скијач Францони

 

Венген, 16 јануари 2026 (МИА) – Италијанскиот скијач Џовани Францони победи на денешната трка во Венген супервелеслалом.

За 24-годишниот Францони, ова е прва победа во кариерата во Светскиот куп во алпско скијање, која ја постигна со време кое беше за 35 стотинки подобро од второпласираниот Австриец Стефан Бабински, а за 37 стотинки подобро од минатогодишниот победник на супервелеслаломот во Венген, Швајцарецот Франц фон Алман, кој го освои третото место.

Најголемиот фаворит за победа, лидерот во Светскиот куп, Швајцарецот Марко Одермат го освои четвртото место, заостанувајќи 53 стотинки зад Францони. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан