• недела, 22 декември 2024

Прва жртва на свински грип во Албанија

Прва жртва на свински грип во Албанија
Тирана, 26 февруари 2020 (МИА) - Во Албанија е регистрирана првата жртва од свински грип, а уште четири лица се заразени од вирусот АХ1Н1. Почнатиот е В.А.(45) жител на градот Скрапар, кој од Регионалната болница во Берат вчера попладне бил префрлен во Инфективната клиника во Тирана во тешка состојба, со многу висока телесна температура и проблеми во дишењето. И покрај напорите на лекарите, тој синоќа починал. Инфектологот Етлева Вила, од болницата во Берат за медиумите потврди дека починатиот немал контакт со области зафатени со коронавирус. Докторката Вила потврдува дека имале и четири други случаи на заразени со вирусот АХ1Н1,што било потврдено и од направените анализи во Институтот за јавно здравје. Во Албанија, на почетокот на минатата година, четири лица починаа од вирусот AH1N1. Стануваше збор за пациенти кои страдале и од други болести. вт/  

Остани поврзан