Прва женска фудбалска лига стартува на 17.август
- Првата женска фудбалска лига на Македонија ќе стартува на 17.август, кога ќе се играат сите натпревари од првото коло
Скопје, 7.август 2025 (МИА) - Првата женска фудбалска лига на Македонија ќе стартува на 17.август, кога ќе се играат сите натпревари од првото коло. ФФМ денеска со извлекувањето на броевите го одреди распоредот и календарот.
Шампионот ЖФК Љуботен одбраната на титулата ќе ја почне со домашниот натпревар против СЦ Истатов 2015.
Распоред на натпреварите од првото коло:
ЖФК Топ Гол - ЖФК Тиверија Брера
ЖФК Скопје 2014 - ЖФК Кочани
ЖФК Речица - ЖФК - Каменица Саса
ЖФК Љуботен - ЖФК СЦ Истатов 2015
ЖФК Ас Јунајтед - ЖФК Атлетико
Првиот дел завршува на 23.ноември 2025 година, а потоа следува зимската пауза.
Фото: МИА