• недела, 22 декември 2024

Прашината од Сахара предизвика здравствени и транспортни ризици во Турција

Прашината од Сахара предизвика здравствени и транспортни ризици во Турција

Анкара, 25 април 2024 (МИА) – Квалитетот на воздухот се влоши низ неколку градови и провинции во Турција поради облаците со прашина од Сахара, а метеоролошката служба предупреди на здравствени и транспортни ризици.

На луѓето со респираторни заболувања им се препорачува да избегнуваат да престојуваат на отворено. Додека видливоста во сообраќајот драматично е намалена во повеќе градови, меѓу кои и Анкара, Истанбул и Измир.

Во Чанкири, град во централна Анадолија, денеска се затворени училиштата поради сахарската прашина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан