• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пратениците од Европскиот фронт бараат собраниска комисија со меѓународни претставници да ја мониторира истрагата за случајот во Кочани

Пратениците од Европскиот фронт бараат собраниска комисија со меѓународни претставници да ја мониторира истрагата за случајот во Кочани

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Пратеничката група на Европскиот фронт денеска поднесе формално барање до претседателот на Собранието за информација за деталите и околностите, постапките на надлежните институции и селективниот пристап во истражувачкиот процес поврзан со трагедијата што се случи во Кочани, каде загинаа 59 лица и стотици други беа повредени, соопштија од пратеничката група. Исто така тие бараат и собраниска Комисија да ја набљудува работата на истражните и правосудните органи во врска со пожарот во Кочани. 

- Барањето се базира на член 205, став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и вклучува неколку клучни точки кои бараат објаснување од Владата, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и други институции, меѓу кои се: инспекциски проверки и превентивни мерки – мерки преземени пред трагедијата, постапки на органите за ред и итни случаи – дејствија во денот на настанот, детали за истрагата и нејзината транспарентност – како е спроведена истрагата и зошто постои селективен пристап, селективниот пристап во истрагата – објаснување на фокусирањето само на определени функционери и мерките за обезбедување независна и транспарентна истрага – преземени активности за гарантирање на правдата, наведуваат од Европскиот фронт.  

Исто така, тие бараат, како што се наведува, оваа тема да се разгледа итно на следната седница на Собранието, со присуство на високопоставени функционери за да се одговори на поставените прашања.

Од парламентарната коалиција сметаат дека е потребно создавање на Парламентарна Комисија за независен надзор со меѓународно набљудување, која ќе го надгледува директно целиот истражувачки процес и ќе осигура дека правдата се спроведува без политички влијание.

-Ова е важна можност да се вратат довербата и сигурноста на граѓаните во нашиот правосилен систем и институции. Затоа, апелираме до сите народни претставници од сите парламентарни групи од утре да го потпишат ова барање и иницијатива, ако веруваат дека е неопходно независно надгледување на оваа чувствителна ситуација, со цел да се обезбеди правда за жртвите и да се вратат довербата и сигурноста во системот, наведуваат од Парламентарната група на Европскиот фронт. ев/са/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан