Празнична изложба на книги и весници во битолската библиотека
- Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на книги и селектирани броеви од весници посветени на празникот 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба.
Битола, 23 октомври 2025 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола промовира празнична изложба на книги и селектирани броеви од весници посветени на празникот 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба.
Во фоајето на битолската библиотека стручен тим на установата за јавноста ги изложи книгите „ВМРО 1893-1903, поглед на документи“ од Ванчо Ѓоргиев, книгата „Документи за борбата на Македонскиот народ за самостојност и национална држава, Прилози за Илинден“, книгата „Отпорот во Македонија“ од Александар Матковски, „ВМРО и Македонската државност 1893-1934“ од Александар Т. Христов.

Вљубениците во книгата може да се потсетат и да ги изнајмат и книгите „Илинденски факел 1903-2003“, „Сто години сегашност“ чиј автор е Верољуб Андоновски, „Ослободителните борби на Македонија“ од авторот Христо Силјанов, Зборник на револуционерно-борбени песни, Национално револуционерните борби на македонскиот народ, НОБ и револуцијата во Македонија од Михајло Апостолски и други.
Во фоајето на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола изложени се и селектирани новинарски прилози од национални и локални весници, односно „Нова Македонија“, „Вечер“, Билтен број 1 публикуван од Совет на ВМРО Денократска партија за македонско национално единство, како и весникот Инфо Магазин од Битола.

Во пресрет на празникот во ЈУ НУ „Св. Климент Охридски“-Битола се одржа стручен собир на факултетските библиотеки на тема „Стручни звања на факултетските библиотеки во системот на високото образование“, а со цел да се утврди местото и улогата на факултетскиот библиотекар во системот на високото образование. мт/мд/
Фото: МИА