Празникот Курбан Бајрам го честитаа градоначалниците од дебарскиот регион и СМИР
- По повод големиот празник Курбан (Аџи) Бајрам, честитки до сите верници во регионот, иселениците од овој крај, како и до сите верници во светот упатија градоначалниците на Дебар, на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР).
Дебар, 6 јуни 2025 (МИА) - По повод големиот празник Курбан (Аџи) Бајрам, честитки до сите верници во регионот, иселениците од овој крај, како и до сите верници во светот упатија градоначалниците на Дебар, на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, како и претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР).
- Да го славиме празникот Курбан бајрам уште многу години! Нека возвишениот Бог го прифати хаџот на сите аџии и молитвите на сите верници за благосостојба и подобар живот. Нека владее правдата, мирот и просперитетот насекаде во светот. Бог да ни ги омекне срцата за што повеќе да си простуваме, да прифаќаме грешки, да си помагаме еден на друг, посакува дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски посака овие бајрамски денови да ја „зацврстат верата, да ги зајакнат роднински врски, да ги подобрат меѓучовечки односи и да не направат подобри верници“.
-Нека овие бајрамски денови ја зацврстат нашата вера, ги зајакнат нашите роднински врски, ги подобрат нашите меѓучовечки односи и не направат подобри верници, стои во честитката на Куртовски.
Неговиот колега од Центар Жупа, Аријан Ибраим празникот го честита со желби истиот да го одбележат во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом но и со поголема меѓусебна грижа, почит, разбирање, помагање.
Честитка упати и претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Латиф Пајкоски, кој во свое и во име на Сојузот, посака „здравје, благосостојба и бериќет, меѓусебно почитување и помагање и среќа во заедницата".
Инаку, во сите џамии во дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, беа клањати утринскиот сабах и бајрам намаз, а главната празнична церемонија се одржа во џамијата „Хаџи Вехби Дибра“ во Дебар.
Од дебарското муфтиство информираа дека 84. аџии од овој регион редовно ги извршуваат обврските од аџилакот и сите се во добра здравствена состојба. вт/дма/