• понеделник, 23 декември 2024

По четврти пат викендов „Пикник у Пелинце“

По четврти пат викендов „Пикник у Пелинце“

Куманово, 11 јуни 2024 (МИА) - По четврти пат во Пелинце, во близина на меморијалниот центар АСНОМ, викендов, ќе се одржи четвртиот по ред фестивал „Пикник у Пелинце“. Годинава, соопштија организаторите, има изведувачи од четири држави од Данска, Украина, Србија, Црна Гора и околу 30-тина изведувачи од државава.

- Публиката ќе ужива во техно-музиката, афро техно, инди денс … буквално има изведувачи за сечиј вкус. За прв пат фестивалот е дводневен. Во сабота (15 јуни 2024) почнуваме од пладне до пет во утринските часови. Има два стејџа, рајзинг (rising stage) и меин стејџ (main stage). Неделата ја почнуваме од 12 до 01 по полноќ, изјави Давид Крстевски, еден од организаторите на „Пикник у Пелинце“.

И годинава има автобуски превоз, линии од Куманово од спортска сала до Пелинце на половина или секој час во зависност од термините кои можат да се видат на социјалните мрежи и веб-страната на организаторите.

- Од следната ќе воспоставиме и превоз од Скопје, најави Крстевски

Фестивалот почна во 2020 во септември, наредните години се одржуваше во средината на јуни. Лани и покрај врнежливото време имаше околу 3.000 посетители. Поддршка за организацијата имаат од општина Куманово и од општествено одговорни компании од државата. ам/сст/


Фото: „Пикник у Пелинце“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан