• недела, 02 март 2025

По триумфот во велеслалом, Кристоферсен победи и во слаломот во Крањска Гора

По триумфот во велеслалом, Кристоферсен победи и во слаломот во Крањска Гора

 

Крањска Гора, 2 март 2025 (МИА) – Ден откако победи во велеслаломот, норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен денеска триумфираше и на слаломската трка во Крањска Гора.

По првата трка Кристоферсен беше шестопласиран, но на крајот победи со 17 стотинки предност пред неговиот сонародник Тим Хауган. Третото место го освои Австриецот Мануел Фелер со заостанување од 23 стотинки, а без пласман на подиумот остана најдобриот од првото возење, Швајцарецот Лоик Мејард, кој на крајот заврши четврти (+0,24).

За Кристоферсен ова е 33 победа во Светскиот куп во алпско скијање, а 25 во слалом.

Во поредокот за слалом, Кристоферсен сега е лидер со 567 поени пред Клемент Ноел (490) и Лоик Мејард (465). ег

ФОТО: ФИС/Икс

Остани поврзан