• среда, 27 ноември 2024

„По трагите на староградската песна на балканските народи“во Тетово

„По трагите на староградската песна на балканските народи“во Тетово
Тетово, 7 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на Фестивалот на староградската песна „Теута“, во Центарот за култура „Ило Антески Смок“ во Тетово, денеска ќе се одржи научно-музичка манифестација насловена „По трагите на староградската песна на балканските народи“ на која ќе учествуваат истражувачи и уметници посветени на староградската песнопојска традиција. Во рамките на музичката програма ќе настпат: женската група „Теута“, Менсур Абази, Триото „Шербет“ и Леутрим Зејнулаху. Во рамките на научната сесија ќе се претстават Кренар Доли со рефератот „Традицијата на забавата во град Ѓаковица“; Ферхан Мертол со рефератот „Староградски песни испеани на културните средби на Албанците кои се преселиле во Турција“; Соња Андонов со рефератот „Улогата и значењето на Гиче Берберот во негувањето на староградската песна во Тетово“; Ивица Зориќ со рефератот „Тетовската староградска песна во минатото и денес“; Зеф Чоба со рефератот „Староградска скадарска песна - предизвици“; Беким Рамадани со рефератот „Важни субјекти во негувањето на староградската песна во Република Северна Македонија (1945-2022)“. Ова е првпат во рамките на Фестивалот на староградската песна „Теута“ да се одржува научна дејност поврзана со староградската песна како скапоцено богатство на традиционалната култура, соопшти Центарот за култура - Тетово.са/

Остани поврзан