• понеделник, 30 декември 2024

По седум години во Кина, Оскар го напушта Шангај Порт

По седум години во Кина, Оскар го напушта Шангај Порт

Шангај, 15 септември 2024 (МИА) - Поранешниот бразилски репрезентативец Оскар објави дека го напушта кинескиот тим Шангај Порт. Тоа ќе се случи по завршувањето на тековната сезона.

Јужноамериканецот помина седум години на Далечниот Исток откако клубот од кинеската престолнина плати 60 милиони евра за неговиот трансфер од Челси во јануари 2017 година. Оскар тогаш беше жестоко критикуван за неговата одлука. Офанзивниот играч за врска во тоа време ги насмеа фудбалските фанови, откако на својата презентација во Шангај изјави дека неговиот детски сон бил да игра за кинескиот клуб.

Сепак, Бразилецот ја освои почитта на Азијците и стана капитен на Шангај Порт, забележувајќи 234 настапи, постигнувајќи 72 гола и 131 асистенција за време на неговиот престој во тимот. Тој остана таму дури и за време на пандемијата КОВИД-19, двапати ја подигна шампионската титула (2017/2018, 2022/2023) и еднаш го освои Суперкупот (2023).

Триесет и три годишниот Оскар има можност кариерата да ја продолжи во родниот Бразил, но не е исклучено да се врати во Европа. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан