По пронаоѓање прашкаста материја притворени двајца делчевци
- Поради поседување недозволени психотропни супстанци, две лица на возраст од 21, односно 28 години, се притворени во полициската станица во Делчево.

Делчево, 16 октомври 2021 (МИА) - Поради поседување недозволени психотропни супстанци, две лица на возраст од 21, односно 28 години, се притворени во полициската станица во Делчево.
-На 15 октомври 2021 година во 23:30 часот полицијата ги лиши од слобода 28 годишниот М.Д. и С.К (21). Кај двајцата Делчевци при извршен претрес пронајдена е прашкаста материја поради што се приведени во полициската станица, информираат од полицијата.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава. вс/вг/