• петок, 22 ноември 2024

По петти пат АМС организира „Европска недела на спортот“

По петти пат АМС организира „Европска недела на спортот“
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт петта година по ред е носител на проектот „Европска недела на спорт”. - Како и секоја година така и оваа организираме многу рекреативни спортски игри и активности прилагодени за сите возрасти а со тоа сакаме да ја пренесеме огромната придобивка за тоа што значи да си физички активен - тоа е нашата цел. Во склоп на овој проект ги мобилизираме дечињата од основните училишта преку професорите по физичка култура. Во ист ден, на 24 септември – Меѓународен ден на спорт, да одржиме масовни спортски активности, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Тој упати апел на сите кои можат да се придружат во спортските активности. На прес конференцијата во АМС свое излагање имаше и заменик директорот на Агенцијата, Амир Билали, како и координаторот за европска недела на спортот Александра Дичевска. - Ваков проект во иднина ќе доведе до студија за значењето на спортот во животот на младите. Се заложуваме активно да ги вклучиме сите региони во државата, рече Билали. Европската недела на спортот ќе почне со отворањето на 23 септември во 18 часот на плоштадот кај „Млечен ресторан“. Супер спортски настан кој е дел од #BEACTIVE програмата е пешачењето во Ростуше во сабота, 24 септември 10 часот, кој ќе има повеќе цели: Промовирање на патеката од месноста Велоица до месноста викана ОЛЕЦ ( попатно одмарање на 2 контролни точки ), Посета на водопадот Дуф. Патека Велоица – Олец – 2,6 км со D+ од 280м – во двата правци (денивелација или успон ) – Водопад Дуф – 2,2 км – во двата правци. Ќе има и ноќни спортски активности, музика, култура, дегустирање на здрава храна, забава. На 24 септември 2022 година, Европскиот ден на училишниот спорт, Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата училишен спорт, заедно со 40 претставници од општините и 40 основни. Европската недела ќе трае до 30 септември. зс/

Остани поврзан