• недела, 22 декември 2024

По пауза од десет месеци, Гави се враќа на тренинзите на Барселона

По пауза од десет месеци, Гави се враќа на тренинзите на Барселона

Барселона, 13 септември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Барселона и шпански репрезентативец Гави се приклучи на тренинзите по пауза од речиси 10 месеци, соопшти каталонскиот клуб.

Гави (20) се повреди во ноември минатата година на квалификацискиот натпревар за ЕП меѓу Шпанија и Грузија, кога ги повреди лигаментите на десното колено.

Младиот фудбалер на Барселона потоа беше опериран, поради што паузираше речиси десет месеци и мораше да го пропушти ЕВРО 2024 во Германија, каде неговите соиграчи од репрезентацијата успеаја да ја освојат шампионската титула.

Во соопштението на каталонскиот клуб се наведува дека Гави во четвртокот одработил неколку заеднички тренинзи со соиграчите, дека не чувствува никакви потешкотии и дека ќе конкурира за место во тимот.

Гави за Барселона одигра 111 натпревари и постигна седум гола, а во Каталонија веруваат дека тој е еден од играчите на кои ќе можат да ја темелат својата игра на долг период. дс

Фото: Х/Барселона

Остани поврзан