• петок, 05 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

По околу половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

По околу половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Скопје, 5 јули 2025 (МИА) - На граничниот премин „Богородица“ се чека од 20 до 30 минути, а на ГП „Табановце“ чекањето е од половина час до 40 минути, информира АМСМ во пладневниот извештај.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти Автомотосојузот. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан