• петок, 05 декември 2025

По голема борба прва победа за одбојкарките на Јанта Волеј во Лигата на шампионите

По голема борба прва победа за одбојкарките на Јанта Волеј во Лигата на шампионите

Скопје, 23.октомври 2025 (МИА) – Женскиот одбојкарски првак на Македонија Јанта Волеј синоќа во првиот натпревар од квалификациите од Лигата на шампионите постигна победа од 3:2 против шампионот на БиХ Гацко. Резултат по сетови: 25-21, 21-25, 25-22, 20-25, 18-16.

Ова беше изедначен натпревар, а победникот беше решен по повеќе од два часа игра. Тимот на Јанта Волеј во текот на мечот успеваше да дојде до предност од 1:0 и 2:1 во сетови, но противникот успеваше да изедначи. Во решавачкиот сет повторно имаше голема неизвесност и македонскиот првак го освои сетот со 18:16.

Реванш дуелот се игра на 29.октомври во Требиње. мн/

Фото: Фејсбук Јанта Волеј

Остани поврзан