Пољански: Бирократијата на ОН мора да работи за државите членки
- Првиот заменик на постојаниот претставник на руската мисија при ОН, Дмитриј Пољански, денес изјави дека Русија поддржува ревизија на Обединетите нации и порача дека бирократијата на светската организација мора да работи за земјите членки.
Њујорк, 6 мај 2025 (МИА) – Првиот заменик на постојаниот претставник на руската мисија при ОН, Дмитриј Пољански, денес изјави дека Русија поддржува ревизија на Обединетите нации и порача дека бирократијата на светската организација мора да работи за земјите членки.
- Секогаш се залагаме за ревизија и контрола, не само ние, туку сите. Бирократијата на ОН исто така мора да сфати дека работи за земјите членки. А ако се појават проблеми, мора да сфатат дека тоа се нивни проблеми, а не само проблеми на земјите членки, рече Пољански за РИА Новости.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во март најави почеток на иницијативата ОН-80, која вклучува ревизија на нејзината работа со цел оптимизација на трошоците. Реформите се одвиваат во контекст на намалување на придонесите во буџетот на ОН што ги најавија САД и ставот на актуелната американска администрација за финансирање на хуманитарни проекти.
Подоцна, ОН наведоа дека во рамките на иницијативата на генералниот секретар, работата се спроведува во три насоки: оптимизација на ресурсите, реорганизација на мандатите и структурни промени во системот на организацијата. јт/
Фото: Пољански на Х