Почувствуван земјотрес во Скопје и во околината
- Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во 11:41 часот на 36 километри северозападно од Скопје. Епицентарот на земјотресот е на територијата на Косово.

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во 11:41 часот на 36 километри северозападно од Скопје. Епицентарот на земјотресот е на територијата на Косово.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван од населението во Скопје и околината. мд/лв/
Фото: МИА архива