• понеделник, 23 декември 2024

Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“

Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) – На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко, во Старата скопска чаршија и неколку други локации, денеска и утре ќе се одржуваат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања во рамки на годинашниот фестивал „Звукот на Скопје“. Фестивалот ќе биде отворен со концертот на Констракта и Земља грува на платото пред Филхармонија. Првата фестивалска вечер е во знакот на екологијата и поттикнувањето еколошки навики кај граѓаните. Целта е селектирањето на отпадот да биде дел од секојдневието во функција на здрава и чиста животна околина. Потоа следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка“, а во чаршијата ќе настапат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“, додека во КИЦ ќе може да се погледне изложбата „Македонија“ од бразилските уметници Даниел Kастинет и Вилсон Нето. Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“ ќе настапат утре на вториот фестивалски ден на плоштадот „Мајка Тереза“ (пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите Баклава, Дориан и Добрила и Перија. Во рамки на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц. „Звуците на Скопје“ е новото име на досегашниот фестивал „Звуците на чаршијата“, кој се реализира 16 години наназад и чија функција беше заживување на чаршијата како културна локација. Организаторите сметаа дека фестивалот по 16 години ја исполни својата улога и чаршијата денес е живо културно и туристичко јадро и решија отсега да се префрлат на некои други локации во градот кои би требало да заживеат во културен контекст. свс/бак/

Остани поврзан