• петок, 05 декември 2025

Почнува рушењето на кино салата во Берово

Почнува рушењето на кино салата во Берово

Берово, 27 ноември 2025 (МИА) – Општина Берово известува дека во наредниот период започнуваат активностите за рушење на постоечкиот објект – кино салата, кој е во лоша и руинирана состојба.

Рушењето се спроведува во рамки на проектот за изградба на мултифункционална сала во рамки на Домот на културата „Димитар Беровски“, која ќе служи како центар за културни, уметнички и заеднички настани во градот.

Општината апелира до граѓаните за стрпливост и разбирање поради можни краткотрајни ограничувања и зголемена активност на теренот. 

-Поради изведба на работите ги известуваме граѓаните дека контејнерите за отпад кои се наоѓаа пред постоечкиот објект се преместени зад маркетот ДИМ за непречено и безбедно извршување на активностите, информираа од Општината.

Проектот за мултифункционалната сала е одобрен од Владата, со цел создавање модерен и функционален простор за културни настани и развој на локалната заедница, кој ќе ја замени постоечката кино сала и ќе донесе нови можности за Берово. вс/мд/

Фото: Општина Берово

 

Остани поврзан