• недела, 28 април 2024

Почнува новата сезона во коњички спорт - прескокнување пречки

Почнува новата сезона во коњички спорт - прескокнување пречки

Скопје, 13 април 2024 (МИА) – Со дводневен турнир викендов во скопско Волоково ќе биде отворена сезоната 2024 во прескокнување пречки со коњи.

Според натпреварувачкиот календар на Федерацијата на коњички спорт на Македонија денес ќе се одржи 1. коло од Купот на Македонија.

На програмата се шест натпревари во прескокнување на пречки во категориите Е*, А*, А**, Л* и М* и со височина на пречките од 0,6 до 1,3  метри и ширина до 1,3 м. 

За утре е предвидено 1. Коло од Државното првенство со шест натпревари во класите А, А1, Б, Ц, Д и Д1 со височина на пречките од 0,70 до 1,30 м./ширина до 1.4 м.

Организатор на турнирот е коњичкиот клуб Бравадос. зс/

Остани поврзан