• понеделник, 23 декември 2024

Почнува меѓународниот фестивал на европски филм „CINEDAYS“

Почнува меѓународниот фестивал на европски филм „CINEDAYS“
Скопје, 7 јули 2022(МИА)-Mеѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, под слоганот „Од високо подобро се гледа“, ќе се одржи од денеска до 14 овој месец на повеќе локации низ Скопје - на покривот на ГТЦ, на покривот на Дом на градежници, Музеј на современа уметност, Авто киното на Водно, во МКЦ парк, во кино Милениум и Кинотека.
Отворањето и затворањето на 21 – от CINEDAYS, се во знак на македонските режисерски имиња, информираат организаторите.
Филмот „Мими“ на Даријан Пејовски својата светска премиера ќе ја има вечерва на отворање на фестивалот, а затворањето на фестивалот е со „Нема да си сама“ на Горан Столевски.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје. ир/ев/

Остани поврзан