• вторник, 25 јуни 2024

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“
Скопје, 10 март 2021 (МИА) – Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота. -Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство. рп/дма/

Остани поврзан