• петок, 05 декември 2025

Грижа за менталното здравје на децата и младите во рамки на Деновите на психологијата

Грижа за менталното здравје на децата и младите во рамки на Деновите на психологијата

Скопје, 1 декември 2025 (МИА) - Комората на психолози и оваа година од 1 до 10 декември ја организира акцијата „Денови на психологијата“, со цел афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка и стручната работа до пошироката јавност. 

Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, Денови на психологијата 2025 ја ставаат фокусната точка на растечката потреба за рано препознавање, зајакнување и поддршка на менталното здравје на најмладите, бидејќи емоционално стабилни деца и адолесценти значат здрава и отпорна иднина на целото општество.

Комората на психолози упатува јавен повик до сите психолози да се пријават за учество во реализацијата на психолошки активности во рамките на Денови на психологијата 2025.

Медиумите и јавноста ќе можат да ја следат агендата за Денови на психологијата 2025 на официјалните страници на Инстаграм denovinapsihologija и на Фејсбук Денови на психологија. На овие страници ќе бидат објавувани датумите, термините и локациите на настаните низ државата, информации за онлајн вебинарите, како и фотографии и извештаи од веќе реализирани активности. ев/лв/

ФОТО: Денови на психологија Фејсбук 

Остани поврзан