Почнуваат градежни работи за реконструкција на делницата Струмица – Дабиле
- Општина Струмица информира дека деновиве почнуваат градежни работи за реконструкција на дел од магистралниот пат А4, на делницата Струмица – Дабиле. Поради тоа сообраќајот на оваа делница ќе се одвива со изменет режим.

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Општина Струмица информира дека деновиве почнуваат градежни работи за реконструкција на дел од магистралниот пат А4, на делницата Струмица – Дабиле. Поради тоа, сообраќајот на оваа делница ќе се одвива со изменет режим.
- Се замолуваат учесниците во сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, како и да имаат разбирање за значењето на реконструкцијата на оваа делница, се наведува во соопштението од Општина Струмица.мд/лв/
Фото: Општина Струмица