• петок, 20 март 2026

Почна судењето на Хашим Тачи и четворицата обвинети за попречување на правдата и влијание врз сведоците

Почна судењето на Хашим Тачи и четворицата обвинети за попречување на правдата и влијание врз сведоците

Хаг, 27 февруари 2026 (МИА) - Почна судењето на Хашим Тачи и четворица други обвинети, Башким Смакај, Исниј Килај, Фадиље Фазљи и Хајредин Кучи, за попречување на правдата и влијание врз сведоците.

Според обвинението, во периодот од 12 април до 2 ноември 2023 година, за време на одделни посети на Тачи во притворот, тој им открил информации за сведоците на преостанатите тројца обвинети, им наредил да влијаат врз нив и дал детаљни упатства како да го сторат тоа.

Во обвинението се објаснува дека Тачи дал детаљни упатства за тоа како ќе сведочат сведоците; на пример, како му наложил на еден сведок да каже дека Адем Демаќи е водач на ОВК или упатства на друг сведок дека ОВК немала овластување да почне или запре војна, дека е целосно неорганизирана.

Судењето почна со презентирање општи информации за случајот и список на докази. Потоа следуваа воведни зборови на Обвинителството, а адвокатите на одбраната се откажаа од своите воведни зборови во оваа фаза од постапката.

По тоа, ќе почне презентирањето на доказите и сослушувањето на првиот од тројцата сведоци на Обвинителството.

Се очекува Обвинителството да ја заврши доказната постапка до 13 март, а продолжението на судењето по тој период сè уште не е закажано. рп/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан