• петок, 22 ноември 2024

Почна реконструкцијата на пробиштипската улица „Даме Груев“

Почна реконструкцијата на пробиштипската улица „Даме Груев“
Пробиштип, 11 февруари 2022 (МИА) - Општина Пробиштип почна да ги користи средствата од ТАВ. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска беше на увид во градежните работни на улицата „Даме Груев“, чија реконструкција се реализира од оваа Прогарама на Владата. Тој истакна дека со отпочнување на реконструкцијата на улицата Даме Груев, почнува и реализацијата на Програмата за улици и патишта, во којашто ќе следи реконструкција на повеќе улици, како во градското подрачје така и во руралните средини.

-Реконструкцијата на улицата Даме Груев опфаќа нов асфалтен слој и нови рабници со должина од околу еден километар. Општина Пробиштип средствата во висина од 10 милиони денари ги обезбеди од Програмата ТАВ, вели Анастасов.

Реализацијата на овој проект е предвидено да заврши во текот на месец март. Општина Пробиштип продолжува да работи за подобра инфраструтура и подобри услови за сите граѓани. вдј/вг/

Остани поврзан