• понеделник, 01 јули 2024

Почна пријавувањето за третото издание на Спортскиот фестивал Илинден

Почна пријавувањето за третото издание на Спортскиот фестивал Илинден

Струга, 1 јули 2024 (МИА) - Денеска почна пријавувањето за учество на третото издание на Спортскиот фестивал Илинден што на 2 август ќе се одржи во Струга, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“, информира претседателот Коста Хиохи.

Натпреварувачите, според него, може да се пријават во две од четирите натпреварувачки дисциплини: пливање, кајак, суп и такла.

- Пријавувањето ќе се врши до 20 јули или до поплнување на бројот по натпреварувачка дисцилина. Согласно овогодинашните правила тоа може да го направите во две од четирите натпреварувачки дисциплини: пливање, кајак, суп и такла. Апликацијата за пријавување е објавена на официјалната фејсбук страна на Фестивалот, изјави Хиохи.

Ревијалниот дел, додаде, е традиционално резервиран за Ватерполо турнирот, кој и годинава ќе биде организиран во соработка со Ватерполо репрезентацијата на Македонија.

- Ги покануваме сите намерници, туристи, спортисти и рекреативци да дојдат на 2 август, на десниот брег после Чаршискиот мост, да го прославиме овој голем празник на еден поинаков начин, рече Хиохи.

Право на учество на спортскиот фестивал „Илинден“ имаат сите заинтересирани граѓани со претходна пријава. сс/дма/

 

Фото: лого

Остани поврзан