• понеделник, 23 декември 2024

Почна изградба на нова водоводна линија на улиците „Димче Мирчев“ и „Душан Преграц“ во Неготино 

Почна изградба на нова водоводна линија на улиците „Димче Мирчев“ и „Душан Преграц“ во Неготино 
Неготино, 31 август 2022 (МИА) - Согласно договорот помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Вод-вар инженеринг од Скопје, отпочнаа градежните активности за изградба на нова водоводна линија на улиците „Димче Мирчев“ и „Душан Преграц“.
- Воведот во работата за реконструкција на овие улици е веќе извршен, а општина Неготино навремено ги информираше и испрати известување до 40 семејства, дека приклучоците од водоводната линија до дворните места ќе ги постави општина Неготино, а нивна обврска е приклучокот до домовите да го извршат самите. Основна цел на проектот е замена на старата, дотраена и оштетена водоводна линија на овие две улици, со нова со поголем зафат и нејзина поефикасна функционалност, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Проектот е финансиран со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање  и буџетот на општина Неготино. Рокот за извршување на работите е 40 дена, а надзорот го врши Студио Архивисион од Скопје. свд/дма/

Остани поврзан