• недела, 22 декември 2024

Почна изградба на канализациска мрежа во кумановското село Провеце

Почна изградба на канализациска мрежа во кумановското село Провеце
Куманово, 5 октомври 2022 (МИА) - Почна изградбата на фекална канализација на улицата од село Проевце кон градот Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности. Жителите на ова населено место досега немаа мрежа и бараа изградба за да се решат нивните основни инфраструктурни потреби. - Канализациската мрежа ја гради скопската компанија друштво за производство, промет, градежништво, транспорт и услуги „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. За изградба на мрежата одвоени се 3.388.259 денари со вклучен данок на додадена вредност. Механизацијата веќе е на терен, активностите се во тек, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски. Проевце е на само два километри до градот, непосредно до урбаната средина. Жителите со години бараа поставување на мрежа и решавање на основни инфраструктурни прашања. ам/цр

Остани поврзан